Морковот се вари и потоа се сецка ситно.
Јајцата се варат и тие се сецкаат, може да се остави една жолчка за декорација одозгора врз салатата.
Оризот се вари, кога ќе биде готов во него се става ладна вода за да се одвојат зрната и потоа се процедува.
Кромидот исто така ситно се сецка.
Во длабок сад се ставаат сите состојки претходно исецкани, се додава и рибата од конзерва без маслото што го има внатре. Се додава сол и бибер по вкус се промешува и на крај се додава и мајонезот. Убаво се меша додека се да се соединат состојките. И салатата е готова.
Брза за подготовка и многу вкусна.
За декорација врз салатата кога ќе се сервира може да се стави малку варена жолчка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови