Традиционално посно макало
Макалото е баш како во ресторан. Решив да го споделам на задоволство на сите љубители на лук. Лукот исчистен од лушпата се става во аван, се соли и се толчи така се додека се створи каша, се додава лажица по лажица масло, притоа цело време толчиме со дрвен толчник. Се става топлата вода се премешува во овај момент ќе излета горе белата боја која ја има во него. Се додава ладната вода и киселината.
На сам крај се додаваат лути поперчиња било да се тоа пресни зелени или феферонки.
Количините на вода, сол и киселина не се фиксни, се е до вкус, слободно регулирајте сами.
Многу добар прилог во склоп на мени за ручек.
Сосема посно,без никаков додаток на јогурти и слични кисело млечни производи,наше традиционално.
Од голема важност е лукот да биди сочен, така макалото е појако и белата боја е поизразита.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Isprobano, vkusno :)
За насловот апсолутно те подржавам. Баш мислев слично да коментирам, кога гледам ти веќе си се изјаснила :)
Нешто слично имам сретнато, но без пиперки, само лукче (како намаз од лукче би му дошло).
Bravo Eliza!