Ова е тесто на нашите баби кога наместо денешниот зејтин ја користеле свинската маст. Тестото е преубаво за работа можеби е малку лепливо, но сепак со додавање на брашно ќе си ги добиете саканите форми. Сега ви подготвив убави цветни погачки со ајвар полнење и некои мои додатоци по желба.
Подготовка.
1. Користев сув квасец затоа предходно не го активирав, веднаш почнав со месење.
Во сад за месење во брашното направете кратер ставете го квасецот, маста, жолчката, сол, шеќер и полека со јогуртот малку загреан замесете убаво мазно средно меко тесто. Оставете да стаса еден час.
2. Од тестото расукуваме кора и со помош на чаша вадиме кругови како крофни.
Секој круг го полниме со фил: сецкана крански колбас, чајна, кашкавал, сирење, маслинки и три лажици кашкавал.
Круговите ги формираме во цвет и ги редиме во тавата печење.
Погачките ги премачкуваме со жолчка, зејтин и посолуваме со сусам и ким.
Печеме на двеста степени половина час се додека не добие убава жолто-црвена боја,оставете ја уште петнаесет мин. во исклучената релна убаво да се истишти.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани