Традиционално посно макало
Состојки
- 1 главица лук
- 1/2 лажичка сол
- 3 лажици масло
- 3 лажици топла вода
- 200мл. ладна вода
- 2 лажици киселина
- 2-3 лути пиперчиња
Подготовка
Макалото е баш како во ресторан. Решив да го споделам на задоволство на сите љубители на лук. Лукот исчистен од лушпата се става во аван, се соли и се толчи така се додека се створи каша, се додава лажица по лажица масло, притоа цело време толчиме со дрвен толчник. Се става топлата вода се премешува во овај момент ќе излета горе белата боја која ја има во него. Се додава ладната вода и киселината.
На сам крај се додаваат лути поперчиња било да се тоа пресни зелени или феферонки.
Количините на вода, сол и киселина не се фиксни, се е до вкус, слободно регулирајте сами.
Многу добар прилог во склоп на мени за ручек.
Сосема посно,без никаков додаток на јогурти и слични кисело млечни производи,наше традиционално.
Од голема важност е лукот да биди сочен, така макалото е појако и белата боја е поизразита.