Салата која е едноставна и брза за подготовка. За да ја направам и не ми треба некој посебен повод.

Се рендаат прво компирите, па ги премачкувам со слој од мајонез. Рендам јајца, па ги премачкувам со павлака. Потоа рендаме салама, ја премачкуваме со павлака, па на крај го рендаме сирењето (јас користев козјо) и него го премачкуваме со мајонез. Така рендаме, мачкаме, додека не ни се потрошат состојките или додека не го наполниме садот во кој ќе ни биде салатата. Сол не ставам, самото сирење ја дава потребната соленост.

Забелешка
Компирите и јајцата откако ќе се сварат, треба да бидат изладени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани