Редена кус кус салата со варени јајца
Кус кусот ставете го во подлабок сад, прелејте го со топлата вода и поклопете.
Оставете го да отстои 10 минути, додека ја абсорбира водата.
Потоа со вилушка промешајте го и по вкус посолете.
Пилешките гради исечете ги на ситни парчиња.
Врз парчињата месо нанесете го сенфот, ренданиот ѓумбир, малку сол и црн бибер и убаво измешајте.
Ставете ги парчињата месо на грил тава со малку масло да се испржат.
Тиквичката изрендајте ја и ставете ја во тава на оган со малку масло и сецканото лукче. Кратко пропржете ја колку да омекне.
Јогуртот измешајте го со малку копар.
Во чинија за сервирање ставете еден слој од кус кусот, потоа еден слој од пропржената тиквичка, пак еден слој кус кус, еден слој варени јајца исечени на кругови, слој кус кус, потоа еден слој од пилешкото месо. Врз месото прелејте од јогуртот измешан со копар и на крај еден ред кус кус.
Салатава може да ја направите или топла или ладна, подеднакво е вкусна.
Лиценца: Сите права се задржани