Имам овде напишано идејата јајцата во маринада од цвекло... само сврате до рецептот и ќе видете.
Постапка
За белиот слој
- Залијте го желатинот според упатството на кесата. Залејте со ладна вода, нека набубри, а потоа ставете на пареа да се стопи.
- Исецкајте ја белката од варените јајца.
- Измешајте ги павлаката и крем сирењето со миксер, додадете сецканата белка, осолете на вкус, додадете го стопениот желатин, измешајте и истурете во модлата која сте ја избрале за да ја спремите салатата. Зделата претходно намокрете ја или пак едноставно постелете ја со прозирната фолија така да е над садот за да можете после лесно да ја извадите салатата. Ставете во фрижидерот да се стегне.
Розовиот слој
- Исто како и претходната подготовка, со тоа што ќе го додадете исецканото и исцедено цвекло, згмечениот лук, сол на вкус. Истурете ја оваа смеса врз веќе стегниот бел дел. Оставете да се стегне... потоа превртете ја на чинија во кој ќе ја поставите салатата, декорирајте и тоа е... Уживајте!

Напомена
- Ова е оригинал рецептот, кој дозволува да има и одстапки. Се сеќавате дека овде ја имам поставено и Јогурт салатата, ова може да го направите и со тој рецепт. Успешна е и таа приказна од салата.
- За да не ми останат жолчките така ги згмечив, одцрпав малку од веќе спреманата смеса со желатинот, измешав и прво го премачкав белиот дел, а потоа го истурив врз нив розовиот дел.
- Не ставав фолија, садот во кој ја спремав само го навлажнив со вода, прво го спремав и истурив белиот дел, потоа розовиот. Кога веќе беше спремна за вадење сосема малку го ставив садот во топла вода, од страните со тенок остар нож само ги поминав ивиците, ја превртев на чинијата така да белиот дел дојде одозгора кое нешто и го сакав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани