Лесно ќе заклучите дека оваа салата е иста како онаа популарната наречена Руска салата. Состојките можете да ги менувате како сакате и количински колку сакате.
- Оризот сварете го и поделете на три дела
- Јајцата исецкајте ги и поделете на два дела
- Исецкајте го морковот
Откако сето ова сте го направиле, почнувате со оформувањето.
Изберете сад во кој ќе ја поставите, постелете со прозирната фолија, најпрвин ставете 1/3 од оризот, премачкајте со мајонез, врз него ставете 1/2 од јајцата, премачкајте со мајонез, потоа ставете го морковот, премачкајте со мајонез, врз него ставете другата 1/3 од оризот, премачкајте со мајонез, врз него варениот грашок, премачкајте со мајонез, врз него ставете ја варената пченка, пак премачкајте со мајонез, потоа другата 1/2 од варените јајца, пак мајонез, на крај третата 1/3 од оризот. Не премачкувате со мајонез. Додека така редите состојките со лажицата лесно притиснувајте за да се сврзат состојките. Оставете во фрижидерот да одстои.Превртете на чинија на кој ќе ја поставите и декорирајте по ваша желба.
Напомена
Ако чекав да одстои, ќе имаше солиден пресек како торта. Ова е сечено само откако одстоја околу 1 час. Најдобро одвечер да се спрема за наредниот ден да се сече.
Како што кажав состојките можете да си ги менувате како што вие сакате - киселите краставички овде солидно одоговараат, во оваа варијанта само имам додавано и сецкан кромид - одличен спој, кој сака може и варен сецкан компир, одлично одговараат и морски плодови....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани