Редена посна салата
Едноставна и посна салата која изладена во фрижидер може да ја искористите како одлично мезе или прилог со некакво печено месо или риба. Подготовката е следна
1. Модрите патлиџани исечете ги на кругови со дебелина од 5 мм, посолете ги и оставете да ја испуштат водата. Во грил тава на малку масло пропржете ги од двете страни.
2. На доматите отстранете им ја лушпата и исечете ги на мали коцки. Во друга тава запржете го лукчето исечено на тркалца и додајте ги коцките домати. Посолете по вкус и оставете ги доматите да се динстаат ( да изгледаат како сос). Ако има потреба (зависно од доматите) додајте и 50 мл вода. Од кога се готови во тавата додајте една лажица сенф, убаво промешајте и тргнете ја тавата од оган.
3. Следно е редење на салатата. Во соодветен сад на дното ставете ред од испржените модри патлиџани. Прекријте ги со сосот од домати и така редете додека не ги потрошите сите состојки. По желба може да додадете и ситно сецкан магдонос и ситни парченца маслинки. Оставете салатата да се излади и уживајте во вкусот.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови