1. Во длабок сад ги матиме јајцата со шеќерот додека смесата не стане густа.
2. На страна брашното го мешаме со пецивото и ванила шеќерот и постепено ги додаваме во јајцата со постојано матење. На крај во смесата го додаваме омекнатиот путер и се заедно матиме во еднолична смеса.
3. Оваа смеса ја делиме на 4 еднакви дела (кори) и ги ставаме да се печат во округол калап бр.26 во кој сме ставиле хартија за печење на 180 Ц. некои 15 мин. додека благо поруменат, а несмеат да се препечат.
4. Кога ќе ги испечеме сите кори ги ставаме на страна добро да се оладат.
За тоа време преливот го спремаме. Во сад се ставаат водата, шеќерот и ванилата и се ставаат да се варат додека смесата малку се згусне. Го тргаме на страна и го оставаме да се олади.
5. На страна ја матиме слатката павлака и го додаваме во неа омекнатиот путер и се заедно добро матиме.
6. Чоколадото го кршиме на парчиња и го ставаме на пареа да се растопи. Растопено го тргаме на страна и одма го додаваме млекото во прав и добро промешуваме.
7. Кога добро ќе се олади го додаваме во слатката павлака и се добро изматуваме.
8. На тацна за торта ставаме една кора ја мачкаме со оладениот сируп и ја филуваме, па пак кора па сируп па фил и се така додека имаме кори. Одозгора и од страна тортата ја мачкаме со фил и обилно нанесуваме кокос и одозгора и од страна.
Ги редиме кокос топчињата одозгора и тортата ја ставаме во фрижидер добро да се олади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови