2
окт
2020
Рафаело торта (без печење)
Слатката павлака се мати со миксер се додава киселата павлака и шеќерот во прав се заедно се мати.
Смесата се дели на два еднакви дела.
Во првиот дел се ставаат мелените бисквити и се мати со миксер, а во вториот дел се ставаат кокосот, мелените лешници и стопеното бело чоколадо.
Вториот дел исто така се мати со миксер.
Во модла со механизам бр. 24 се редат бисквитите кои предходно ги потопуваме во млеко, врз бисквитите се става првиот фил, врз првиот фил се става вториот фил, се израмнува и се декорира по желба.
Се остава во фрижидер 2 до 3 часа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови