Бела кора
Белките се матат со шеќерот се додава кокосот и гризот, се става во подмачкан плех и се пече на 200 степени 15 до 20 минути.
Црната кора се прави на истиот начин.

Фил
Се мешаат жолчките, шеќерот, пудингот и брашното и се ставаат во врело млеко и варете додека се згусне.
Кога ќе се излади се става изматениот маргарин и ванилиниот шеќер.
Прво се реди белата кора, па ставаме фил, па црната кора па пак ставаме фил и одозгора се декорира со шлаг.
Се сече на коцки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови