Рафаело коцки со слатко од јагоди
Најпрво го правиме тестото. Белките ги биеме во цврст снег заедно со шеќерот. Го исклучуваме миксерот и ги додаваме брашното, пецивото и кокосот и мешаме со дрвена лажица. Тестото го истураме во намрсен калап и печиме на 180 степени околу 20 минути. Кога ќе се испечи и малку се излади го преливаме со топлото млеко. За подготовка на филот најпрво ги биеме жолчките со миксер на пареа и ги додаваме во млекото во кое сме ги раствотиле пудинзите и шеќерот. Вариме на тивок оган додека не добиеме убава густина и оставаме филот да се излади. Ладен го биеме со маргаринот. Пре да филоваме тестото го мачкаме со еден слој слатко и потоа го нанесуваме филот. Врз филот ги нанесуваме двата шлага и над нив наросуваме кокос.На здравје !!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови