Кора

Изматете ги белките и постепено додавајте го шеќерот. Измешајте го пченичното брашно со кокосовото и прашокот за пециво. Со лажица додадете го на белките нешно мешајќи. Печете во подлабока тава на 180 степени, вие според вашата рерна, важно е кората да остане бела. Оставете ја да се олади убаво кората па потурете со 200мл. зовриено млеко.

Фил

Измешајте ги во еден сад жолчките, пудинзите, брашното и шеќерот во 200 мл. млеко. Преостанатото 800 мл. млеко зовријте го и во него сварете ја смесата со жолчките кратко колку да згусни. Оставате убаво да се олади филот. Изматете го пенесто маргаринот или путерот. Додадете го на изладениот фил. Потоа изматете ја слатката павлака и ние додадете но мешајте нежно со лажица. Истурете го филот врз кората. Посипете со кокосот и лешникот или бадемот. Пред сервирање убаво оладете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови