Испечати

Рафаело коцки

Рафаело коцки

Состојки

  • Кора
  • 6 белки
  • 250 гр. шеќер
  • 50 гр. кокосово брашно
  • 100 гр. пченично брашно
  • 1/2 прашак за пециво
  • 200 мл. млеко
  • Фил
  • 6 жолчки
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 4 л. пченично брашно
  • 15 л. шеќер
  • 1 литар млеко
  • 250 гр. маргарин или путер
  • 200 мл. слатка павлака
  • 50 гр. кокосово брашно за посипување
  • малку лешници или бадеми потпечени за посипување

Подготовка

Кора

Изматете ги белките и постепено додавајте го шеќерот. Измешајте го пченичното брашно со кокосовото и прашокот за пециво. Со лажица додадете го на белките нешно мешајќи. Печете во подлабока тава на 180 степени, вие според вашата рерна, важно е кората да остане бела. Оставете ја да се олади убаво кората па потурете со 200мл. зовриено млеко.

Фил

Измешајте ги во еден сад жолчките, пудинзите, брашното и шеќерот во 200 мл. млеко. Преостанатото 800 мл. млеко зовријте го и во него сварете ја смесата со жолчките кратко колку да згусни. Оставате убаво да се олади филот. Изматете го пенесто маргаринот или путерот. Додадете го на изладениот фил. Потоа изматете ја слатката павлака и ние додадете но мешајте нежно со лажица. Истурете го филот врз кората. Посипете со кокосот и лешникот или бадемот. Пред сервирање убаво оладете.