Пушена свинска потколеница со расол
Еве еден стар рецепт.
Во загреано масло го пржиме издробеното кромидче.
Штом се заруменува ги додаваме печурките и по 5 минутно пржење, го додаваме ситно исецканата кисела зелка.
Пржиме околу 10 минути на тивок оган.
Додаваме вино и промешуваме.
Варените потколеници ги чистиме од коската и ги префрламе во тавата со зелката. Зачинуваме со црн и црвен пипер, а потоа ги додаваме расолницата, сувата пиперка и водата во која се вареа потколениците.
Мешаниот зачин и ловоровиот лист ги додаваме на крајот.
Тавата ја покриваме со капак или со фолија ако немате капак и оставаме да крчка во рерна. Јас ја оставив околу еден час и половина.
Приберете си малку повеќе леб, некоја сува пиперка - феферонка, а не е на одмет и чашка црвено винце.
На здравје нека ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Фотографијата оргинална...
Ambientot... ..premnogu dobar.I posle jadenjeto, ladna voda od stomnata :)