
29
мар
2020
Пржени, поховани пица - пури
Уште еден рецепт и идеја со триаголните кори, кој децата особено го сакаат бидејќи е со пица фил, а доказ е тоа дека не успеав ни пристојно да ги сликам и се е во време на подготовка сликано бидејќи се вадеа и се јадеа.
Изреднадјте ги саламата и кашкавалот.
Во сад со широко дно изматете ги јајцата со вилушка и посолете ги.
Секоја кора премачкајте ја со четче со доматниот сос.
На пошироката страна наредете од ренданите кашкавал и салама, поросете со зачинот и во зависност од потребата кој сака малку посолете.
Завиткајте со берење на страните, па во ролна како кифличка.
Лиценца: Сите права се задржани