Испечати

Пржени, поховани пица - пури

Пржени, поховани пица - пури

Состојки

  • 1 пакетче триаголни готови кори
  • 300 мл доматен сос
  • 400 гр салама
  • 300 гр кашкавал
  • по потреба мешавина италијански зачини или оригано
  • 1 чаша презла
  • 2 помали јајца

Подготовка

Уште еден рецепт и идеја со триаголните кори, кој децата особено го сакаат бидејќи е со пица фил, а доказ е тоа дека не успеав ни пристојно да ги сликам и се е во време на подготовка сликано бидејќи се вадеа и се јадеа.

Изреднадјте ги саламата и кашкавалот.

Во сад со широко дно изматете ги јајцата со вилушка и посолете ги.

Секоја кора премачкајте ја со четче со доматниот сос.

На пошироката страна наредете од ренданите кашкавал и салама, поросете со зачинот и во зависност од потребата кој сака малку посолете.
Завиткајте со берење на страните, па во ролна како кифличка.