Поховани јунешки шницли
Месото се става меѓу најлонска фолија и се чука на потенко околу пола сантиметар. Откако ќе се исчука добро се реди во поголем сад каде што може да одседи барем 4-5 часа. Најдоле во садот се премачкува зејтин, над него се става шницла која исто се премачкува со зејтин ,се поросува со вегета, црн бибер и ситно сецкан рузмарин.Ова се повторува се додека не се наредат сите шницли. Шницлите треба да одседат во фрижидер да месото впие од зачините и од зејтинот, а потоа секоја шницла прво се става во брашно, потоа во матени јајца и се пржи на средна температура. Овие шницли се омилени кај нас и за жал говедско само вака се јаде кај мене. Многу е вкусно и меко и пробајте нема да зажалите за подготовка на овој едноставен, а вкусен рецепт
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела