Ловџиски јунешки шницли во сос со сланина
Мераклиски ручек...ммм
Прво месото го сечеме на шницли.
Преку проѕирна фолија малку ги чукаме парчињата месо за да не се искинат влакната на месото.
Потоа од двете страни ги зачинуваме со сол и бибер.
Сега само од едната страна ги валкаме во брашно.
Во еден сад ги соединуваме ситно сецканиот кромид, морков, пашканат.
На загреано масло кратко ги пропржуваме.
Тука ги додаваме и лентите сланина да се запржат и да пуштат арома.
Овие состојки ги тргаме на кратко во еден тањир.
Во истата маснотија ги пропржуваме шницлите, со набрашнетата страна на долу.
Пржиме од двете страни кратко.
Зеленчукот и сланината ги враќаме во касеролата.
Додаваме малку зачин, малку ловоров лист, за да не доминира, зрна пимент, малку лимон (рендан), хариса паста, доматно пире.
Ставаме бело вино и полека од дното на садот ги одстрануваме запржените делови односно садот го деглазираме.
Соединуваме.
Оставаме да крчка на многу тивок оган со повремено промешување, затресување на садот и додавање на вода или бујон.
Кога е готово месото, односно имаме доволно софт во садот сервираме ..секако со прилог по желба и црвено вино.