Полнети поховани јајца
Еве уште една идеа како да се искористат останатите јајца од велигден.
Пресечете ги јајцата на половина, извадете ги жолчките внимателно. Ги пасираме жолчките и во нив ги додаваме мајонезот, сенфот, ги рендаме краставичките и со вилушка го гмечиме сирењето. Се убаво промешуваме и со оваа смеса се полнат убаво јајцата и се спојуваат, да се добие пак цело јајце.
Вака подготвените јајца ги поховаме. Прво ги валкаме во брашно, па во јајца (изматени со вилушка), па во презла, повторно во јајце и на крај во презла.
Се пржат во добро загреан зејтин додека да поруменат.
Спржените поховани јајца ги вадиме на чинија со салфетка за да се упие вишокот маснотија.
Јас вака денеска ги искористив останатите велигденски јајца, пробајте нема да зажалите.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
толку многу го сакам, што мислам дека крвните зрнца ми се поховани :) :) :) :)
нели требаше со куфери да дојдам? или сега реши дека сакаш да ми мафташ на заминување? :) :) :) :)
A za predomisluvanje sto zboruvas gluposti (prosti i boze neznae sto zboruva )
kako moze da se predomislam se poveke svakam deka najmnogu vo jadenje ke se slozuvame:)))))
е да бе, секој ден похување, па да ни смрди куќата на кафана. ќе направиме неколку тури наеднаш :) :) :) :)