Полнети поховани јајца
Состојки
- 6 варени јајца
- 1 лажица мајонез
- 1 мала лажичка сенф
- 2 помали кисели краставички
- 50 гр фета сирење
- за поховање
- јајца по потреба (јас потрошив две)
- брашно по потреба
- презла по потреба
Подготовка
Еве уште една идеа како да се искористат останатите јајца од велигден.
Пресечете ги јајцата на половина, извадете ги жолчките внимателно. Ги пасираме жолчките и во нив ги додаваме мајонезот, сенфот, ги рендаме краставичките и со вилушка го гмечиме сирењето. Се убаво промешуваме и со оваа смеса се полнат убаво јајцата и се спојуваат, да се добие пак цело јајце.
Вака подготвените јајца ги поховаме. Прво ги валкаме во брашно, па во јајца (изматени со вилушка), па во презла, повторно во јајце и на крај во презла.
Се пржат во добро загреан зејтин додека да поруменат.
Спржените поховани јајца ги вадиме на чинија со салфетка за да се упие вишокот маснотија.
Јас вака денеска ги искористив останатите велигденски јајца, пробајте нема да зажалите.
Добар апетит