Лесен, брз и класичен појадок за овој период од годината, а може и ручек ако сте во недостаток на време.

На пиперките со ноже или специјална алатка за таа намена им ги отсрануваме дршките со семките.
Ги мешаме јајцата со урдата и по потреба ставаме сол.
Со лажичка ги полниме секоја од пиперките.
Секоја пиперка ја затвораме со шери домат.
Пржиме на масло на умерена температура.

п.с. Мислам дека имам подолг текст во насловот на рецептот отколку во подготовката =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани