21
сеп
2020
Пржени пиперки полнети со мелено месо
Кромидот ситно исечете го или изблендирајте го со блендер.
Во меленото месо додајте кромид, посолете, додајте сув зеленчук, ситно сечен магдонос. Промешајте.
Пиперките измијте ги и пресечете ги на пола, извадете семки.
Пиперките наполнете ги со мелено месо.
Јајцата изматете ги.
Полнетите пиперки валкајте ги во брашно и во јајце, ставете да се пржат во загреана тава, пржете прво од страна каде што има мелено месо, после превртете ги на друга страна.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани