Испечати

Пржени пиперки полнети со мелено месо

Пржени пиперки полнети со мелено месо

Состојки

  • 500 гр црвени пиперки
  • 400 гр мешано мелено месо (50 свинско, 50 телешко)
  • 2 главици кромид
  • 5 јајца
  • по потреба брашно

Подготовка

Кромидот ситно исечете го или изблендирајте го со блендер.
Во меленото месо додајте кромид, посолете, додајте сув зеленчук, ситно сечен магдонос. Промешајте.
Пиперките измијте ги и пресечете ги на пола, извадете семки.
Пиперките наполнете ги со мелено месо.
Јајцата изматете ги.
Полнетите пиперки валкајте ги во брашно и во јајце, ставете да се пржат во загреана тава, пржете прво од страна каде што има мелено месо, после превртете ги на друга страна.
Добар апетит!