21
јун
2014
Полнети пржени пиперки
Брз рецепт кога ќе ви дојдат гости, а и за вечера одлично. Од пиперките што сте ги пржеле, а ви останале идеален рецепт. Саламата се сецка на коцки се меша со урдата се посолува по вкус, пиперките се лупат и се полнат со смесата од урда. Јајцата се матат убаво се додава брашно да биде погусто од смеса за палачинки се посолува и секоја наполнета пиперка се валка во оваа смеса и се пржи на врело масло додека заруменат.
Пријатен апетит !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови