Одлично мезе и брзо се подготвува кога ќе наидат гости.
Маслинките најпрво се ставаат во врела вода да стојат десетина минути потоа се ставаат на сува крпа. Во меѓувреме јајцето и пивото се матат убаво и во нив се додава брашното јас пишав 150 гр меѓутоа се става за да се добие густа смеса.
Маслото се загрева убаво. Секоја маслинка се потопува во мешавината од брашно, пиво и јајце и се пржи на загреаното масло додека се вцрвени. Се надевам ќе ви се допадне. Ова често може да се порача и во ресторан меѓутоа еве и дома може да си се почестиме во секое време.
Пријатен апетит !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови