За ова декоративно предјадење, јас користев маслинки кои веќе беа со бланширан бадем. Доколку немате такви маслинки, предлагам да купите зелени маслинки со пиперче и на тоа место, каде стои пиперчето, да го извадите и да ставите бадем, кој претходно сте го обариле неколку секунди во врела вода и на кој сте му ја отстраниле лушпата.

Подготовка:

1. Во сад ги соединуваме брашното и киселата вода. Треба да добиеме погуста смеса од онаа за палачинки. 
2. Секоја маслинка ја потопуваме во смесата, па во презла. Постапката треба да се повтори 2 пати.
Нежно со рацете ги формираме како бомбици.
3. Ги пржиме во загреано масло да заруменат. Ги редиме на хартија, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани