2
ное
2013
Штангли со афион (посно)
Водата и шеќерот се ставаат да зовријат. Се додава афионот и урмите смесата и се вари околу 15 минути на потивко со постојано мешање.
Смесата на почетокот ќе биде поретка, но со вриењето ќе се згусне. Се трга настрана да се излади а потоа се додава мелениот кекс и изматениот маргарин. Смесата убаво се изедначува и се формираат колачи со форма која ви одговара а исто може и да се направи како голема штангла, па се сече на парчиња.
Се декорира по вкус, а јас се одлучив за бела чоко глазура.
Погодни се за посни слави, а и како Божикни колачи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
ФЕНОМЕНАЛНО!!!!!
нова љубов. ем по вкус, ем по брзина и начин на спремање.
јас малку ги утнав, после прочитав дека шербетот се варел долго, па не се стегнаа баш. им го шлапнав на гостите на маса и им тупнав лажичиња и да ти каќам право со преполна уста, не ги чув да се жалат :) :) :) :)
денес пак ќе ги спремам, ќе одам во комшии, па нешто посно се носело ;)