3
апр
2015
Марципан штангли (посно)
Зошто се викаат колачиве марципан и јас не знам, бидејќи немаат ни М од марципан, а дека се многу вкусни тоа знам...
Посни колачи со арома на рум.
Во касерола се ставаат водата и шеќерот на тивок оган 2-3 минути да провријаат. Се додава и маргаринот и врие уште 1 минута.
Се трга од оган се подизладува па се додаваат румот, бисквитите, оревите.
Убаво сето се промешува и млаката смеса се нанесува на даска за колачи или во плехче.
Убаво се израмнува.
Се топи над пареа чоколадото со маслото и се прелева колачот.
После неколку часа се сечи на штангли, се декорираат по желба и се сервираат,
Лиценца: Сите права се задржани