29
јан
2014
Пралини со марципан и суви кајсии
Мислејки се што да направам со марципанот, се роди идеата за овие слатки пралини.
Марципанот се меша со шеќерот во прав и се трга настрана. Кајсиите се мелат и се соединуваат со оревите, кората од мандарина и се се замесува со сокот.
Калапите за пралини се премачкуваат со стопената чоколада и се остава да се стегне во фрижидер. Кога ќе се стегне чоколадата најпрвин се полнат калапите до пола со марципан, па се става од полнењето со кајсии за на крај да се затворат со стопена чоколада. Кога ќе се стегне чоколадата колачињата се вадат од калапите .
Лиценца: Сите права се задржани