За сите љубители на марципанот мислам дека овај рецепт ќе им се допадни.

Марципанот најпрво убаво измесете го заедно со шеќерот и постепено додавајте го чоколадото (50гр.) кое претходно сте го растопиле заедно со какаото. Сите состојки убаво измесете ги за да добиете изедначена смеса. Кога ќе се измесат со помош на сукало исучете две помали кори и секоја кора премачкајте ја со останатото 50 гр.топено чоколадо и над чоколадото ставете ги сецканите бадеми. Свиткајте ги корите во ролат и премачкајте ги со 100гр. топено чоколадо и наросете сецкани бадеми.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови