Штангли со афион (посно)
Состојки
- 500мл вода
- 250гр шеќер
- 200гр мелен афион
- 100гр урми
- 200гр мелен кекс
- 150гр маргарин
- 150гр чоколада за декорација
- 3 кесички ванилин шеќер
Подготовка
Водата и шеќерот се ставаат да зовријат. Се додава афионот и урмите смесата и се вари околу 15 минути на потивко со постојано мешање.
Смесата на почетокот ќе биде поретка, но со вриењето ќе се згусне. Се трга настрана да се излади а потоа се додава мелениот кекс и изматениот маргарин. Смесата убаво се изедначува и се формираат колачи со форма која ви одговара а исто може и да се направи како голема штангла, па се сече на парчиња.
Се декорира по вкус, а јас се одлучив за бела чоко глазура.
Погодни се за посни слави, а и како Божикни колачи.