Во длабок сад ставете ги брашното, шеќерот, содата, пецивото, прашокот за пудинг и сецканите ореви.
Убаво измешајте, па додајте ја водата.
Уште еднаш премешајте за да се соединат состојките.

Во округол калап обложен со хартија за печење истурете повеќе од половина од смесата.
Одозгора ставете го слаткото и врз него остатокот од смесата.
Попрскајте со течниот дел од слаткото и ставете да се пече на 200 степени, 30 минути.

Испечениот колач оставете да се олади, а потоа послужете го посипан со течниот дел од слаткото и неколку цреши од истото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани