Шеќерот и водата се ставаат да зовријат и потоа се варат додека не се добие слабо густ сируп. Потоа се додаваат црешите предходно исчистени од коските, измиени и исцедени. Се вари на посилен оган (малку помалку од најсилната мерка на ринглата) од прилика 20на мин. без мешање, само со протресување на содржината. со мешањето велат дека црешите можат да отемнат. На крај се додава и лимонот сечен на кругови и се вари 10-15 мин. Минута-две пред тргање на садот од оган, се отпенува (секако можи и пред тоа да отпенувате повремено) и се додава ванилиниот шеќер.
Слаткото се покрива со влажна крпа и се остава добро да излади пред да се собери во чисти, стерилизирани теглички.
Забелешка
Слаткото секако дека треба да е добро изварено за да е успешно, но внимавајте и да не го преварите како мене, па иако не го мешав, се згусти повеќе и отемна =) но, тоа не смена на вкус-беше одлично, само тешко за сркање хехе...за малку да се помачат гостите и подолго да им трае дегустацијата =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови