Испечати

Посен колач со слатко од цреши

Посен колач со слатко од цреши

Состојки

  • 2 шољи(од 250мл) брашно
  • 1 шоља шеќер
  • 1 шоља вода
  • 1 пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 прашок за пудинг од ванила
  • 1 филџан (од 130мл) сецкани ореви
  • 1 филџан слатко од цреши (плус за посипување и послужување)

Подготовка

Во длабок сад ставете ги брашното, шеќерот, содата, пецивото, прашокот за пудинг и сецканите ореви.
Убаво измешајте, па додајте ја водата.
Уште еднаш премешајте за да се соединат состојките.

Во округол калап обложен со хартија за печење истурете повеќе од половина од смесата.
Одозгора ставете го слаткото и врз него остатокот од смесата.
Попрскајте со течниот дел од слаткото и ставете да се пече на 200 степени, 30 минути.

Испечениот колач оставете да се олади, а потоа послужете го посипан со течниот дел од слаткото и неколку цреши од истото.