Едноставни состојки содржи колачов, а е многу вкусен и кревок. И не содржи масло. Се што ви треба е само една вангличка и жица за матење.

Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат водата и шеќерот. По желба тука може да се додаде ванила цимет. Се додава слаткото од вишни, мелените лешници. Нежно се соединува.
2. Се додаваат соединетите брашно, пециво и содата. Убаво смесата се изедначува. Се истура во долгнавест калап за леб, обложен со хартија. Mоже да се печи или во тава бр 24 или во мала правоаголна тава 20х30цм.
3. Се печи околу 40 минути во загреана рерна на 180с. Испечениот колач се остава на решетка да се излади. Може да се нароси со шеќер во прав или може да се премачка танко со шербет, мармалад и да се нароси со мелени лешници. Се сечи на парчиња и се послужува.

*Забелешка - До колку немате слатко од вишни, користете некој домашен мармалад или џем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани