Портокалов декоративен солен ролат
Прво се матат јајцата со солта, па се додаваат останатите состојки, јогурт, масло, брашно, пециво и црвен пипер.
Се истура смесата во правоаголен плех обложен со хартија. Се печи.
За филот се соединуваат урдата, павлаката, шунката, зачините.
Испеченото тесто се премачкува со половина од филот.
Врз него се редат исушени на крпа листови бланширана блитва.
Се притискаат нежно врз филот за да се залепат.
Врз блитвата се става остатокот од филот.
Цврсто се витка ролат. Се завиткува во алуминиумска фолија и се чува во фрижидер 5-6 часа.
Се премачкува со павлака се наросува со кашкавал и се сечи на парчиња.
Се сервира по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
Vo sekoj slucaj kolku e potanka korata, pogolem uspeh ke ima samoto vitkawe i stegawe na rolatot
само така продолжи! :)