19
јан
2016
Плескавици со кашкавал
Во длабок сад се става меленото месо и ренданиот кромид и убаво се меша. Се додава презлата, солта, мешаниот сув зачин, водата и содата. Убаво се меси со рака и стои 1 час. Потоа се додава кашкавалот сечкан на коцки и се меси повторно. Се обликуваат плескавици во пластично капаче од еурокрем. Се печат на скара или се пржат во тавче со масло. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани