Пилешки плескавици со кашкавал и сланина
Пилешките гради ги ставаме во сечко и ги сечкаме до сомелување. Кромидот ситно го сечкаме. Средината од кришките леб ја натопуваме со вода, ја цедиме и ја додаваме на меленото месо. Кашкавалот и сланината ги сечкаме на коцки. Ги ставаме останатите состојки, освен маслото кое ни е за пржење. Ако е потребно, ако е ретка смесата додаваме лепче или лебни трошки. Промешуваме и ја оставаме смесата за плескавици 1-2 часа во фрижидер (ама и не мора). Плескавици ги формираме со намаслени раце, со тоа што прво формираме топчиња, па ги расплескуваме. Лебните трошки и сусамот ги промешуваме и во нив пред пржењето ги валкаме плескавиците.
Гарнир спремете си по желба. За овој ручек јас спремив пире од компири со прелив во кој имаше грашок.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани