Пилешки плескавици со кашкавал и сланина
Состојки
- 600 гр пилешки гради
- 100 гр кашкавал
- 70 гр пушена сланина
- 1 јајце
- средина од 2 кришки леб
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 главица кромид
- 1 лажичка мелен бибер
- 1 лажичка кари зачин
- неколку гранчиња свеж магдонос или една лажичка сушен
- масло за пржење по потреба
- За валкање на плескавиците
- 50 гр сусам
- 50 гр лебни трошки
Подготовка
Пилешките гради ги ставаме во сечко и ги сечкаме до сомелување. Кромидот ситно го сечкаме. Средината од кришките леб ја натопуваме со вода, ја цедиме и ја додаваме на меленото месо. Кашкавалот и сланината ги сечкаме на коцки. Ги ставаме останатите состојки, освен маслото кое ни е за пржење. Ако е потребно, ако е ретка смесата додаваме лепче или лебни трошки. Промешуваме и ја оставаме смесата за плескавици 1-2 часа во фрижидер (ама и не мора). Плескавици ги формираме со намаслени раце, со тоа што прво формираме топчиња, па ги расплескуваме. Лебните трошки и сусамот ги промешуваме и во нив пред пржењето ги валкаме плескавиците.
Гарнир спремете си по желба. За овој ручек јас спремив пире од компири со прелив во кој имаше грашок.
Пријатен апетит!