15
јун
2021
Плескавици со кашкавал и чадена сланина
1. Во меленото месо изрендајте кромид и лук. Додајте ситно сечен магдонос, посолете, и додајте црн бибер и зачини.
2. Кашкавалот изрендајте го, а сланината исечете ја на коцки.
3. Со натопени раце земете еден дел од меленото месо, внатре ставете кашкавал и чадена сланина, покријте со друг дел од мелено и формирајте плескавица. Јас правев со калап за плескавици.
4. Направените плескавици печете ги на скара од двете страни.
Сервирајте во чинија,послужете со пинџур!
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани