Плескавици во сос од печурки и кашкавал
Еве ви предлог како да ги приготвите плескавиците, ама на малку поинаков начин.
Подготовка:
1.Во меленото месо додаваме ситно исечена главица кромид, 1 јајце, сол, црвен пипер, оригано и маслинов зејтин. Врз двопекот полеваме 50 милилитри млеко и чекаме да омекне. Го додаваме и него кон месото. Смесата ја мешаме и од неа правиме 8 плескавици.
2. Плескавиците се пржат од двете страни.
3. Го запржуваме ситно исечениот млад кромид. Сечените шампињони ги додаваме кон кромидот. Доматот го блендираме со виното и го додаваме кон шампињоните. Малку посолуваме.
4.Плескавиците ги редиме во плех , ги полеваме со сосот од шампињони, одозгора додаваме рендана гауда и ставаме во рерна на 180 степени околу 15 минути.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови