Пита-пица со пире во прав
Од горе наведените состојки замесуваме тесто, кое налик изгледа малку тврдо.
Оставаме да стаса околу 30 минути.
Откако тестото е дуплирано, го делиме на два дела, односно делиме теста за две пити-пици.
Го развлекуваме во вид на круг и влечеме тенка кора постепено со дланките.
Прстенот на пита-пицата го премачкуваме со вода и сусам.
Водата не ја наведов во состојките, затоа што ми беше потребна само колку сусамот да се залепи за венецот.
Во средишниот дел на пита-пицата го нанесуваме сосот кој што го приготвив од лупени домати од конзерва.
Добро се рендаат или пасираат, па им се додава црниот бибер, ориганото и босилекот.
Ја изедначуваме смесата па ја полеваме рамномерно врз двете теста.
Ако немате домати, заменете го сосот со кечап.
Врз него како краен дел на подготовката ги додаваме ситно сецканите шунка и кашкавал.
Ги распределуваме печурките.
Разматуваме јајце и полеваме врз тестото со лажицата.
Веднаш ставаме да се пече.
Заради квасецот, тестото ќе нарасне малку и нема да биде тенко како пица.
Вкусот е одличен.
Печеме на температура од 150 степени околу 10 минути.
Штом ќе добие руменкаста боја, пита-пицата е печена.
Вадиме од рерна и покриваме со влажна крпа.
Оставаме 5 минути, а потоа сечеме и служиме.
Вкусна е пробајте ја......
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови