Сусамова пица пита
Квасецот се става со шеќерот и малку брашно во млакото млеко да стои 10 мин.
Потоа во него се додаваат и останатите состојки за тестото и убаво се измесува. Се дели на 2 дела и се остава така покриено со кујнска крпа да одстои уште 15 мин.
Едниот дел го расукуваме во големина на плехот од шпоретот и го поставуваме во намастениот плех. Со половина од павлаката го премачкуваме. Потоа, рендаме од саламата, кашкавалот, попрскуваме насекаде со кечап и наросуваме од ориганото. Исто така, ја расукуваме и втората кора и ја поставуваме над филот.
Со преостанатата половина од павлаката је премачкуваме одозгора и обилно ја посипуваме со сусам.
Се печи на 220 степени, додека благо не „порумени„. Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Жане5 нема да згрешиш ако ја испробаш, нам многу ни се допадна и сега е во омиленото куќно мени ;)
Klarita ova brzive gi obozavam odlicno :)))