1. Врз премачкано плехче со маргарин се става тестото за пица
  Јас често тестото го правам домашно, го замесувам, но кога времето ми е кратко, како на пример кога си доаѓам од работа, тогаш готовите теста за пица ми се како десна рака.
2. Тестото го премачкувам со топеното сирење
3. Врз него ги редам пилешкиот стек, кашкавалот и печурките
4. Ставам малку маргарин и попрскувам со оригано
5. Се пече на 200 С околу 10 минути
6. Ја вадам пита-пицата од рерната, додавам матени јајца
7. Го враќам да се допече уште околу 3-5 мин,(зависи кој колку сака да му е испечено јајцето)
8. Веднаш се служи за јадење, освен ако некој сака да му биде ептен омекнато тестото, тогаш може да се премачка со маргарин од страните тестото и да се остави 10-тина минути во најлон кеса за да омекне
  Ова е случајно испробан рецепт во моето семејство, со наша досетливост, кој се покажа како многу вкусен и од сите пофален.
Пробајте!
Одличен е за промена, а тоа што имам брз и вкусен ручек за 15 минути....ееее тоа е веќе НЕШТО !!!
   ПРИЈАТЕН РУЧЕК !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани