Пита-пица со пире во прав
Состојки
- Тесто
- 400гр. брашно
- 1/2 свеж квасец
- 2 јајца
- 1 лажица сол
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица оригано
- 125 грама пире во прав ( тоа е една паковка )Напишав 125 грама затоа што го има во поголеми грамажи. Јас користев од оваа грамажа )
- 100 гр растопен маргарин
- 200 -250 грама вода ( во зависност од брашното какво е )
- Сос
- 5-6 лупени домати од конзерва (добро испасирани) замена може --кечап
- 1 лажица оригано
- Горен дел на пита-пицата
- 1 паковка од 200 грама печурки
- 200 гр шунка
- 200 гр кашкавал
- 2 јајца
- 2 лажици сусам
Подготовка
Од горе наведените состојки замесуваме тесто, кое налик изгледа малку тврдо.
Оставаме да стаса околу 30 минути.
Откако тестото е дуплирано, го делиме на два дела, односно делиме теста за две пити-пици.
Го развлекуваме во вид на круг и влечеме тенка кора постепено со дланките.
Прстенот на пита-пицата го премачкуваме со вода и сусам.
Водата не ја наведов во состојките, затоа што ми беше потребна само колку сусамот да се залепи за венецот.
Во средишниот дел на пита-пицата го нанесуваме сосот кој што го приготвив од лупени домати од конзерва.
Добро се рендаат или пасираат, па им се додава црниот бибер, ориганото и босилекот.
Ја изедначуваме смесата па ја полеваме рамномерно врз двете теста.
Ако немате домати, заменете го сосот со кечап.
Врз него како краен дел на подготовката ги додаваме ситно сецканите шунка и кашкавал.
Ги распределуваме печурките.
Разматуваме јајце и полеваме врз тестото со лажицата.
Веднаш ставаме да се пече.
Заради квасецот, тестото ќе нарасне малку и нема да биде тенко како пица.
Вкусот е одличен.
Печеме на температура од 150 степени околу 10 минути.
Штом ќе добие руменкаста боја, пита-пицата е печена.
Вадиме од рерна и покриваме со влажна крпа.
Оставаме 5 минути, а потоа сечеме и служиме.
Вкусна е пробајте ја......