Подготовка:

1. Изрендајте ги тиквичките, малку посолете и оставете ги половина час да пуштат вода. Потоа убаво изцедете ги и ставете ги во еден подлабок сад во кој ќе ги додадете и останатите состојки.
Измешајте убаво, па додадете ја саламата исечкана на коцкички.

2. Тепсија 24 премачкајте ја насекаде со маслото и потоа облепете ја со презла, па истурете ја содржината со тиквичките.

3. Одозгора наредете парчиња домат или шери доматчиња и изрендајте кашкавал Печете на 190С околу половина час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови