Тиквичките се лупат се сечат на тркалца,се солат,се валаат во брашно се панираат и се пржат. На дното на тавата се редат ред пржени тиквички ,се покриваат со фил се редат уште еден ред тиквички.Се прелива со изматени јајца со павлака и се печат во загреана рерна.

Приготвување на филот:

На малсо се пржи исечканиот кромид,се додаваат меленото месо и истолчениот лук. Сето тоа се промешува и се додава една чаша топла вода и се души 15 мин. На крај се посолува и се додава црн пипер.

Прелив:

Се матат јајцата и киселата павлака.

Пред да се служи, мусаката се посипува со сечкан магдонос.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови