Овде во Мои Рецепти просто обожуваме рижото и во текот на целата година ќе Ви претставуваме различни рецепти за рижото. Ова е одличен летен или есенски рецепт, пребогат со вкусови, а толку ефтин за спремање.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 1 тиквичка
  • една рака свежо нане
  • 1 голема главица бел кромид
  • 3 главици лук
  • 300 грама ориз
  • 500 милилитри пилешка супа
  • 50 грама путер
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ – Убаво исечкајте го лукот, а потоа исечкајте го и кромидот на ситни парченца. Се обидуваме да направиме основа за рижотото.

Чекор 2: Растопете го путерот во тавата и ставете ги кромидот и лукот.

Исто така ставете и сол и бибер. Се обидуваме да ги омекнеме лукот и кромидот. Посолувањето ги намалува шансите тие да загорат...

Кога кромидот и лукот ќе омекнат и заруменат од путерот, ставете го оризот. Веднаш измешајте го оризот со омекнатата мешавина и дозволете му да ги впие сите сокови. Штом оризот ќе ги впие путерот и соковите од зеленчукот, сипете жешка пилешка супа во тавата. Само прекријте го оризот со неа и продолжете да мешате. Правењето рижото бара многу внимание и додека го приготвувате треба да сте концентрирани само на јадењето.

Во смесата ставете половина рендана тиквичка и продолжете да мешате. Исто така, ставете половина од свежото нане. Целта ни е половина од вкусовите да се измешаат сега, а половина подоцна.

Чекор 3: Гответе додека не испари вишокот течност и додека оризот ја впие пилешката супа, и потоа сипете уште супа. Ние користиме пилешка супа од коцка, но Вие можете да го направите јадењето вегетаријанско со супа од зеленчук.

Продолжете да мешате и досипувате супа кога оризот ќе ја впие течноста. Сакаме сите различни вкусови да се соединат со оризот давајќи му прекрасен краен вкус и текстура.

Чекор 4: Кога оризот ќе започне да набабрува и да ги прима вкусовите, ставете ги останатите тиквички и нане во смесата. Постојано пробувајте го рижотото за да проверите дали оризот е сварен и да видите дали вкусовите се соединиле. Пробувајте, пробувајте, пробувајте!

Чекор 5: Ќе знаете дека оризот е готов кога рижотото ќе добие текстура на супа. Можете да се обидете да ставите уште путер на крајот, доколку сакате јадењето да биде сјајно.

Чекор 6: ВРЕМЕ Е ЗА ПРЖЕЊЕ: Овој рецепт ќе го декорираме со едноставен гарнир така што ќе испржиме неколку парчиња тиквичка. Пресечете три тенки парчиња и зачинете ги со маслиново масло, сол и бибер пред да ги ставите на загреаната тава за пржење. Целта е да добијат текстура и боја, па така превртете ги по една минута и потоа оставете ги на страна.

Чекор 7: Време е да се сервира рижотото – во идеална ситуација, сакате да го зготвите рижотото веднаш пред сервирањето. Ако го чекате - тоа нема да стане подобро и секогаш е најдобро кога од тавата се става право во чинија. Кога го црпите, проверете дали се опушта и завзема положба како да е живо суштество. Ова Ви покажува дека рижотото е совршено. Ставете ги печените парчиња тиквичка одозгора и тоа е се. Ручекот е подготвен.

СОВЕТ: Ова е многу едноставно, но фантастично јадење за крајот на летото и есента. Можете да ставите сок од лимон за да додадете вкус и да го дополните вкусот на нането. Исто така, можете да се обидете и со панцета или сланина, ако не можете да живеете без месо.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола ; Грил тава